Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Сончево време со температура до 36 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец.

Попладне во западните делови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Утринската температура ќе се движи од 8 до 17, а дневната од 28 до 36 степени.

Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе достигне до 35 степени.

До четврток времето ќе биде претежно стабилно и суво, освен во западните делови каде ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Од петок ќе има повремен локален дожд, а дневните температури ќе бележат постепено опаѓање.

Можеби ќе ве интересира

(ФОТО) Функционер од ЗНАМ вечерва се врати во редовите на СДСМ

ДЕСК

СУВО ВРЕМЕ СО УТРИНСКА МАГЛА – Во сабота наутро наместа до −3 °C, детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

ОЈОГОКК вклучено во меѓународна истрага на Европравда против криминална мрежа за инвестициски измами

ДЕСК