17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Со доаѓањето на септември заминува и летото – Следува нагла промена на времето

До четврток ќе биде претежно стабилно и суво, освен што денес и утре во западните делови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.

Од петок ќе има зголемена облачност, повремен локален дожд, а дневните температури ќе бележат постепено опаѓање.

Утре, како и во и во среда особено на северот краткотрајно ќе засилува северен ветер.

Утре Претпладне на истокот сончево, а кон запад со мала до умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми, а на крајниот запад ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд со ретки грмежи. Попладне на север краткотрајно ќе засилува северен ветер.

Прогноза за 04.09.2019
Минимална температура: 8°C до 18°C
Максимална температура: 26°С до 34°C
Сончево со умерена облачност, а долж Повардарието со повремено засилен северен ветер. УВ=7

Прогноза за 05.09.2019
Минимална температура: 9°C до 17°C
Максимална температура: 25°C до 33°C
Сончево со умерена облачност. Попладне во планинските региони со краткотрајна нестабилност, со пороен дожд и грмежи. УВ=6

Прогноза за 06.09.2019
Минимална температура: 8°C до 18°C
Максимална температура: 25°C до 32°C
Умерена до значително облачно со сончеви периоди, попладне и особено во јужните и источните делови со локален пороен дожд. УВ=7