Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Жена почина кон болница, повреден и малолетник – Детали за трагедијата во Македонија

Во 17,10 часот на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар пред Скудрински мост се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило даф со полуприколка со дебарски регистарски ознаки, управувано од 54-годишниот Б.С. од Дебар, и патничко моторно возило “хјундаи“ со скопски регистарски ознаки управувано од 40-годишниот И.С. од Скопје.

Во незгодата сопатничката од возилото “Хјундаи“, 68-годишната М.С. при транспотирање со медицинско возило кон болница им подлегнала на повредите. И.С. и уште еден сопатник-малолетник се здобиле со тешки телесни повреди и биле пренесени во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гостивар.

Можеби ќе ве интересира

Честит именден на сите кои се викаат Никола – денеска се слави голем празник, во православниот календар е напишан со црвени букви

ДЕСК

ОБЈАВЕНА Е ПОВЕЌЕ ДНЕВНАТА ПРОГНОЗА – Познато е кога ќе трупа снег низ Македонија

ДЕСК

Претседателот на Собранието прими делегација предводена од претседателот на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА)

ДЕСК