23.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Pixabay
МАКЕДОНИЈА

Трагедија за празникот во Македонија: Еден починат на лице место, двајца повредени

Едно лице го загуби животот од повредите задобиени во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Дебар – Маврови Анови во близина на Скудрински мост. Сообраќајот беше во прекин во двата правци од 17 часот во текот на вчерашниот ден.

Според првичните информации на СВР Тетово, во сообраќајната несреќа која се случила попладнево учествувале товарно возило со приколка со дебарски ознаки и автомобил „хјундаи“ со скопски регистерски ознаки. На самото место починал еден од сопатниците, а уште две лица се повредени и пренесени во гостиварската болница.

Полицијата изврши увид.