24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИНТЕРВЈУТОП ВЕСТИ

ИНТЕРВЈУ со Борут Рончевиќ, декан на Факултет за применети општествени студии

Centar.mk интервју со Борут Рончевиќ, декан на Факултет за применети општествени студии.

Македонските студенти во Словенија се домаќини

Д-р Борут Рончевиќ (1975) е декан на Факултетот за применети општествени студии. Тој е професор по социологија и добитник на престижената награда Жан Моне, доделена од ЕУ, но  и го предводи Центарот за извонредност (престижност) на Жан Моне „Стратешка опсерваторија за Европа 2030“. Бил визитинг професор во САД, Велика Британија, Германија, Русија, Ирска, Либан и во Хрватска. Работел како консултант во Советот на Европа и водел неколку големи ко-финансирани проекти на ЕУ во Југоисточна Европа. Тој е (ко) автор на 10 книги и повеќе од 30 статии и поглавја од книги, објавени во престижни меѓународни издавачки куќи

 

  1. Факултет за применети општествени студии во Љубљана од оваа година почнува со нова програма за постдипломски студии креирана за македонските постдипломци. Кажете нешто повеќе за Факултетот?

Факултетот за применети општествени студии, наскоро, ќе прослави 15 години од своето постоење. Не бевме задоволни од масовниот пристап кон високото образование, што резултираше со лоша комуникација меѓу професорите и студентите. Особено не бевме задоволни од лошите врски меѓу студиите и практичностите на бизнисот, администрацијата и другите аспекти на професионалната пракса. Започнавме еден поинаков, предизвикувачки, но и повеќе наградувачки пристап. 15 години подоцна може да кажеме дека тоа беше вистинската одлука, за што сведочат генерациите успешни студенти, магистри и доктори на науки. Тоа не беше лесна работа. Потребни беа години инвестирање во високо квалитетна инфраструктура, истражување, меѓународен персонал и внимателно развиен концепт на студирање, современи наставни програми, студии засновани врз студенти. Важно ни е да создадеме личност кој ќе размислува, ќе биде иновативна и ќе го надгради својот интелектуален потенцијал, ќе биде „господар“ на истражувачката работа и ќе најде иновативни решенија за секој предизвик. И моравме да го сториме ова по пристапни цени. Ова е можно само затоа шту успеавме да добиеме многу проекти од Европската унија и од бизнисте. Деновиве ја добивме најголемата чест досега, Европската унија ни додели да го водиме престижниот Жан Моне центар за извонредност за периодот 2019-2022 година. Исто така, сме домаќини на националната програма на УНЕСКО Мост од 2012 година.

 

  1. Зошто се одлучивте програма за докторски студии по социологија да понудите и во Македонија?

Нашиот факултет веќе имаше многу меѓународни докторанти кои доаѓаа од Италија, Романија, Молдавија, Бугарија, Украина, Русија итн. Затоа, решивме за посистематски пристап кон интернационализацијата. Секако, Македонија беше природен избор. Отсекогаш и во многу, наликувала на мојата матична држава Словенија. Кај нас има многу млади жители од Македонија кои студираат на различни факултети и на разни степени на образование. Постои некоја природна конекција, поврзаност, меѓу двете држави, кои најверојатно, потекнуваат од нашата некогашна заедничка земја, географската големина, опкружувањето со поголеми земји од нас и секако, речиси истиот менталитет. Македонските студенти во Словенија се домаќини.

Наместо разлики помеѓу двете земји, ние се соочуваме со речиси исти општествени (социјални) прашања кои, како што велиме ние, „никогаш не одмораат и бараат смисла“. Ние работиме на тоа да го подобриме квалитетот на живеење за секој граѓанин, а секако наши работни алатки се идеите и зборовите. Како експерти по социологија имаме многу предизвици на долгата листа со кои се соочуваат модерниот човек и општеството, како што се култураната различност, миграцијата, сиромаштијата, злоупотребата, зависноста, психосоцијалната помош, активните млади, креативноста, комуникацијата, општеството базирано на знаење, претприемништвото и бизнисот, иновациите, меѓународните односи, технологијата, економската социологија, демократијата, јавната администрација, менаџерството,  претпримништвото, лидерството, консултантството и многу други сфери во функционирање на општеството и владеење на правото. Социологијата е многу корисна наука.

 

  1. Вашата програма ја зголемува конкуренцијата на македонскиот пазар, а за македонските постдипломци особено атрактивна е поради можноста да добијат европска диплома. Кои други можности ги обезбедуваат постдипломските студии во Љубљана?

Студентите ќе можат да се преселат во Словенија, или да студираат од Македонија, бидејќи потребното физичко присуство на кандидатот за доктор во Словенија е кратко, само неколку викенди, за време на кои ќе обезбедиме тесна интеракција помеѓу студентот и професорот.  Секако, докторските студии мора да го задржат својот фокус на индивидуалната работа на истражувачот, под надзор на колега – професор.

Докторските студии по правило не обезбедуваат премногу часови на предавање. Тие ќе добијат форма на интензивна академска колоквија за време на неколку викенди во Љубљана. Овие нема да бидат класични предавања како во минатото, туку иновативни и интензивни состаноци со цел да се поттикне учењето преку интеракција и размена на идеи помеѓу студентите и професорите. Меѓутоа, ако некои студенти не можат да присуствуваат, тие ќе можат да ги добијат релевантните материјали преку училница преку Интернет (Moodle). Присуството не е задолжително, но сигурно се надеваме дека ќе можат лично да дојдат и да работат со нас.

Сакам да истакнам дека ова не се класични е-студии. Но, живееме во општество каде технологијата помага во отстранувањето на физичките растојанија и зближувањето на луѓето (затоа имаме дигитализирани докторски студии). Вака кажано, студентот ќе треба само да присуствува на семинарот за дисертација и одбрана на докторската теза во трета година. Сепак, во првата година, ве советуваме да дојдете во академската колоквија, која веќе има поставено датуми.

Студентите ќе добијат пристап до нашата база на податоци за истражување или насоки за тоа како да пристапат до релевантни бази на податоци за истражувањето. Дополнително, Ph.D студентите ќе можат да се приклучат на една од петте истражувачки програми, вклучително и меѓународни истражувачки проекти, кои ќе им овозможат пристап до веќе собрани податоци, или ќе можат да соберат дополнителни податоци врз основа на добро тестирани методологии. Исклучено, студентите исто така можат да одлучат да не се приклучат на ниту една програма за истражување и да го следат сопствениот тек на истражување. Пред почетокот на студиите, студентите ќе добијат публикација во која се опишани сите истражувачки програми, како и списокот на супервизори, ко-супервизори и нивните специфични области на експертиза.

За поамбициозни студенти, ние нудиме можност да ја објават својата истражувачка работа во меѓународна издавачка куќа, па дури и да ја продадат на меѓународниот пазар (на Амазон).

 

  1. Но, повеќето македонски студенти не зборуваат Словенски

Точно, затоа решивме дека секој кандидат од Македонија треба да има можност да напише и да ја брани својата теза на српски или англиски јазик. Повеќето луѓе во Македонија зборуваат на еден од овие јазици. За жал, не можеме да овозможиме македонски јазик, затоа што нашите професори не можат да вршат надзор на македонски јазик.

 

  1. 5. Како е организирана работата во текот на тригодишните докторски студии?

Во текот на првата година студирањето е индивидуално, со малку организирана студиска работа, каде полага два предмети и работи семинар за диспозиција. Предметите се полагаат преку семинарски трудови (есеи), односно нема класични испити. Ги потикнуваме студентите, во овие есеи, да обработуваат теми кои планираат да бидат дел од докторскиот труд. Значи, покасно, текстот може да го имплементираат во својата докторска дисертација. Сè е насочено кон конечната цел – компетенциите на студентот и текстот на дисертацијата.

На семинарот за диспозицијата, студентот работи со ментор и професор. Дел од работата се реализира во групи, како процес на размена на идеи, креативност и меѓусебно учење, а дел секако е самостојно учење под супервизија на менторот. Со ова, во прва година, студентот веќе работи на индивидуалната истражувачка работа на дисертацијата.

Во втората година веќе имаме насочување кон индивуално истражување за подготовка на докторската тема со асистенција на ментор или ко-ментор. Во втора година, студентот работи на дисертацијата. Дополнително, најмалклу два пати годишно има можност да го претстави својот труд пред своите колеги, на традицонален зимси камп за општествени науки и на меѓународна конференција. На двата настани ќе има секција за докторандите.

Во третата година, кандидатот ја презентира драфт верзијата на дисертацијата на семинар за дисертација. Ова е одлична можност да добиете повратни информации од професорите – кои обично се членови на комисија за конечна одбрана на докторската теза – и други студенти. После семинарот, кандидатот ја корегира, комплетира и финализира докторската теза, земајќи ги предвид релевантните предлози.

Ова се покажа како одлична практика, затоа што студентот добива многу корисни упатства што треба да се поправат и после ова, практично не може да има никакви проблеми за време на одбраната на самата дисертација.

 

  1. Со кои компетенции се стекнуваат докторандите за време на студии?

Секој студент на Факултетот за применети општествени студии добива европска диплома, но  светско знаење, базирано на фундаменталните теоретски и методолошки постулати. Секако, докторот на науки по социологија добива многу компетенции, меѓу кои способност да идентификува одредени истражувачки проблеми, да анализира и најде соодветно решение, да создава нови знаења како релевантен придонес во науката, да владее со методите, процедурите и процесите на истражувачка работа во сферата на социологијата, способност за индивидуално истражување и развојна работа и способност да води тим истражувачи, да ја разбира важноста за квалитет и да се насочува кон квалитетна професионална работа преку себе-автономија, себе-критикување, себе-рефлексија и себе-евалуација во работата и да биде посветен на професионалната етика.

 

  1. Дали имате слични програми и во други земји од регионов и како функционираат таму?

Принципот на функционирање е ист во секоја држава. Затоа што е ефикасен, ефективен и ги дава потребните резултати. Нашиот факултет ги нуди своите докторски студии во Хрватска, каде успешно работиме и секако, во Србија. Ние имаме акредитација од националната агенцијата на Словенија (NAKVIS), која е членка на сите релевантни европски акредитациски асоцијации (ENQA, како и EQAR, ECA, CEENQA и INQAAHE, а од пред неколку години и IEP – EUA). Нашата диплома се признава во сите развиени земји. Но, да бидеме сосема прецизни, секоја држава за себе одлучува, според сопственото законодавство, кои дипломи ги признава. Ние со Македонија имаме договор за признавање на дипломите и ова е одлична можност за сите потенцијални докторанди, но и дипломци и магистри.

 

  1. Каде да се доставуваат апликациите?

Технички апликациите се доставуваат на нашиот факултет, но ова ќе го објасниме на инфо денот, кој го организираме на 02.09.2019 година во хотел „Солун“, центар на Скопје од 17 часот и 30 минути. Секако, ги поканувам сите заинтересирани кандидати да дојдат на настанот и да се информираат за докторските студии.