Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Арсовски: Јасно е дека Русковска нема намера да ги гони главните актери во „Рекет“

По денешната изјава на Вилма Русковска јасно е дека таа нема намера да ги изведе пред лицето на правдата главните актери во случајот „Рекет“, иако сите ги знаат кои се, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал кажа дека освен премиерот Зоран Заев, кој го пријавил случајот, нема други спомнати политичари во записникот од сведочењето на Орце Камчев за истрагата во случајот „Рекет“.

Ова, според Арсовски, значи дека Русковска застанала во одбрана на одговорните.

„Русковска застана во одбрана и на Зоран Заев, и на Кики и Фрики и на Шеки и на сите функционери на СДСМ инволвирани во политичко-медиумско-обвинителскиот рекет“, порача портпаролот.

„Да ја убедуваш јавноста дека нема инволвирани политичари и дека Боки 13 ја немал поддршката од власта при рекетирањето е дрскост и потценување на интелигенцијата на граѓаните“, истакна тој.

Според Арсовски, јавноста веќе нема верба во обвинителството на Русковска и Јовевски.

Тој додаде дека тие работат по диктат на Заев, кој намерно ја развлекува истрагата за да се спасат сите инволвирани политичари вклучително и самиот тој.

Можеби ќе ве интересира

Одлична можност за младите македонски граѓани кои сакаат да стапат во служба на Армијата, објавен е новиот Јавен оглас за прием на 300 професионални војници

ДЕСК

Мицкоски: Инвестицијата во далекуводот Битола-Елбасан значи спасен проект од сигурно пропаѓање

ДЕСК

Претседателот на Собранието Африм Гаши и Народниот правобранител Фатон Сељами потпишаа Меморандум за соработка

ДЕСК