Centar.mk
ЛОКАЛНО

Продолжен престој за учениците од четврто одделение во Општина Карпош

Учениците во Општина Карпош, кои од оваа учебна година ќе бидат четврто одделение, ќе добијат продолжен престој до 17:00 часот. Како резултат на направената анализа и спроведените консултации со родителите, Општина Карпош дојде до заклучок дека родителите чии ученици сега ќе бидат четврто одделение, имаат реална потреба да бидат згрижени во училиштето, односно да бидат дел од продолжен престој.

„Општина Карпош на денешната седница на Совет, по предлог на советникот од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски, одлучи дека ќе го зголеми бројот на наставници во продолжен престој во четврто одделение, во сите десет основни училишта.
Преку Општината ќе бидат ангажирани вкупно 17 наставници, за реализација на продолжениот престој.
Продолжениот престој се организира по завршување на редовната настава, до 17:00 часот“ се наведува во соопштението.

За време на продолжениот престој, учениците учат, работат домашни задачи, учествуваат во културно – уметнички активности, согласно со Упатството за настава во продолжен престој на ученици, кој го утврдува министерот, на предлог на Бирото за развој на образование.

Можеби ќе ве интересира

Град Скопје и Националниот демократски институт (НДИ) потпишаа Меморандум за соработка во рамки на проектот „Зајакнување на отпорноста на општините од корупцијата – Заедници со интегритет“

ДЕСК

Општина Карпош: Изгласан ребалансот на општинскиот буџет за 2026 година

ДЕСК

Битола: Одбележан 21 мај – Светскиот ден на културната разновидност

ДЕСК