Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Апсења во Чаир – четири лица приведени од полиција

На 26.08.2019 врз основа на судска наредба Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје изврши претрес во домот на Ф.П.(43) во Чаир, Скопје. При претресот биле пронајдени и одземени кеса со хероин, кутија во која имало 60 мали пакувања со хероин и една кеса со остатоци од хероин. Ф.П. бил приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Исто така, врз основа на судска наредба, претрес бил извршен и во домот на неговиот брат Ф.П.(51), исто така во Чаир. Притоа, била пронајдена мерихуана, дигитална вага со остатоци од марихуана, пиштол марка „Екол Фират Магнум ЕФ810399 Волтран“. Ф.П. и неговиот син Б.П. биле приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Истиот ден, со судска наредба, бил извршен претрес и во домот на Г.П.(41) во Чаир. При претресот била пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја, дигитална вага и две фолии со остатоци од прашкаста материја. Г.П. бил приведен во полициска станица. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Можеби ќе ве интересира

Филипче до Мицкоски: Ги оставивте работниците без поголеми плати

C +

Мицкоски до Филипче: Сто пати ви кажав, за ЕУ нема да водиме мекотелна политика

C +

Филипче: Од Владата на Мицкоски граѓаните веќе не може да очекуваат ништо, можеби банкрот

C +