Во текот на изминатите денови (23, 24 и 25.08.2019 ) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 186 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај е исклучен 81 возач од кои: 18 возачи затоа што управувал возила под дејство на алкохол, 54 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и девет возачи-почетници кои не ги почитувале сообраќајните прописи согласно ЗБСП. Исто така, исклучени од сообраќај се и 40 возила бидејќи биле нерегистрирани.
Санкционирани се 11 возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, тројца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, двајца возачи поради неправилно престројување, шест возачи поради неправилно престигнување,еден возач поради недавање на првенство на минување на возила во зона на крстосница, 40 возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, осум возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 20 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.
Во однос на пешаците санкционирани се 10 пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин и еден пешак поради поминување коловоз на црвено светло. Во текот на изминатите денови издадени се 116 мандатни платни налози и 89 возила се подигнати со специјално возило “пајак”.