7. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Паднал од “томос” – итно префрлен во болница

На 25.08.2019 во 12.30 часот на улица „Пириниска“ во Куманово, М.М.(70) од Куманово, управувајќи мопед „томос“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот, при што се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.