,,Како одговорна политичка партија, ги исполнуваме ветувањата што ги дадовме пред граѓаните. Хаосот од 11 години дивеење на ВМРО-ДПМНЕ во инфраструктурата конечно го запревме.Ветивме и интензивно работиме на унапредување на целокупната инфраструктура.Ветивме и силно вложуваме во изградба на нови патишта како и рехабилитација на старите кои со децении беа заборавени.Ветивме изградба на железницата и тоа го реализираме. Ја гасифицираме цела држава, градиме нови водоводи и канализации, изјави на прес- конференција министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, претседател на Надзорен одбор на СДСМ.
Според него, во овој момент Владата предводена од СДСМ ги реализира историски најголемите инвестици во инфраструктурата.
,,Се гради насекаде како никогаш до сега.Во таа насока, до сега изградивме и рехабилитиравме преку 500 километри патишта, инвестиции со вкупна вредност од околу 540 милиони евра.
Го завршивме автопатот Миладиновци – Штип кој како голем товар го наследивме од ВМРО-ДПМНЕ заради бројните грешки и недостатоци во изградбата. Но бевме решени, автопатат мораше да се заврши со сите безбедносни аспекти за сообраќај. Впрочем, граѓаните имаат право да знаат како им се трошат нивните пари.
Ги решивме и сите недоследности и пропусти што ги наследивме од ВМРО ДПМНЕ и го пуштивме во сообраќај и автопат од Демир Капија до Смоквица.Додека ВМРО-ДПМНЕ парите на граѓаните ги трошеше на барок и споменици, ние ги вложуваме во вистински развој на инфраструктурата.
Рехабилитиравме и реконструиравме преку 80 магистрални и регионални патишта со вкупна инвестиција од преку 400 милиони евра.Саниравме и реконструиравме мостови на државните патишта, поставивме нова сообраќајна сигнализација на најголем дел од патната мрежа во земјава. Ги модернизиравме наплатните станици на Коридор 10, воведовме електронска наплата на патарините, а го изградивме и најмодерниот центар за контрола и мониторинг на патиштата”, вели тој.
Според Сугарески, инвестициите во патиштата не запираат.
,,Владата предводена од СДСМ, во овој момент инвестира преку 850 милиони евра во проекти во патната инфраструктура.Во тек е изградба на автопатот Кичево – Охрид, за кој морам да истакнам дека се направија сите максимални напори за да може да се доизгради. Добро знаете дека ВМРО-ДПМНЕ направи пустош со овој автопат.
Започнавме со изградба на 4 експресни патишта во вредност од преку 170 километри и тоa:Градско-Дреново, Штип-Радовиш, Штип – Кочани, Ранковце – Крива Паланка.
Исто така Владата предводена од СДСМ, интензивно работи и на прокетирање за изградба на експресен пат од Битола до Меџитлија, од Струмица до Гевгелија, како и за проширување на патот од Прилеп до Битола.Започната е постапката за изградба на автопат од Скопје до Блаце како и од Гостивар до Кичево, инвестиции кои ќе надминат неколку стотини милиони евра.
Интензивно се работи и на преку 350 километри или околу 40 регионални патишта во изградба, рехабилитација и реконструкција, како и десетина мостови и свлечишта. Би спомнал само некои од нив:рехабилитација на регионален пат Тетово – Попова Шапка,на магистрален пат Струмица – Ново Село, Кавадарци – Росоман, Штип – Радовиш,Непроштено – Пршовце,Куманово – Свети Николе и до Никуштак, Пробиштип – Крупиште, обиколница на Кочани, Фурка – Богданци – Гевгелија, Макази – Ресени уште многу други.
Дополнително, во периодов што следува Владата предводена од СДСМ започнува со реконструкција и рехабилитација на 450 километри магистрални и регионални патишта.
Средствата за санација на овие патишта се веќе обезбедени од буџетот на Владата и од буџетот на ЈП за државни патишта.Исто така интензивно се работи и на подобрување на патиштата и улиците во општините. Во завршна фаза е обезбедување на 70 милиони евра преку Светска банка наменети за изградба и рехабилитација на локални патишта. Овие пари можеме да најавиме дека ќе можат да се користат веќе од следната година”, додаде тој.
Според него, програмската определба на СДСМ има за цел да го подобри животот на сите граѓани, да се обезбедат услови за брз и олеснет транспорт, регионално поврзување со соседите и подобрување на економската моќ на државата.
,,Во таа насока ги интензивиравме работите за изградба на железницата кон Бугарија.Ја завршивме изградбата и на пругата од Битола до Кременица.Посветено работиме на подобрување на условите на живот во населените места преку изградба на водоводи и канализации. Граѓаните заслужуваат достинствен живот.Интензивно се гради и гасоводната мрежа, со што значително ќе се намалат трошоците за енергија на компаниите и домаќинствата.
Се грижиме за граѓаните, посебно за најранливите категории. Во изминатиов период обезбедивме кров за 164 социјално загрозени семејства, а со изградбата на социјалните згради во Неготино и Пробиштип кои се во тек, ќе се реши станбеното прашање на уште 110 семејства.Ова се само дел од досега спроведените мерки што го унапредуваат и подобруваат секојдневниот живот на граѓаните во државата.Изградбата на нови патишта, модернизацијата на патната мрежа и зголемувањето на безбедноста во сообраќајот се врвен приоритет за СДСМ и Владата која ја предводи”, истакна Сугарески.