Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

Несреќа во скопско – Тешко повредени двајца малолетници

Двајца малолетници по полноќ биле тешко повредени во сообраќајка која се случила воселото Марино, скопско.

Десет минути по полноќ на улицата „532“ во селото Марино, скопско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „шкода фабиа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 49-годишниот Т.Г. од Скопје и мотоцикл „линбен“ управуван од малолетник, а на кој се превезувал друг малолетник.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата малолетници кои биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

СИЛНИОТ ВЕТЕР ПРЕДИЗВИКАЛ ПОЖАР НА БАНДЕРА ВО БИТОЛА – Интервенирале пожарникари

ДЕСК

ДВЕ ПРИЈАВИ ЗА НАПАДИ ВРЗ УЧЕНИЦИ ВО БИТОЛА – Родители алармирале во полиција

ДЕСК

ВОЗЕЛ „ЦИТРОЕН“ БЕЗ ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА – Полицијата приведе 50-годишник во Македонски Брод

ДЕСК