Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Дома чувал пиштоли и пушки – Полицијата упадна во дом на тетовчанец

Фото: Centar.mk

Полицијата синоќа во 20.30 часот, врз основа на судска наредба, извршила претрес во домот на А.Џ. во Тетово, при што биле пронајдени и одземени карабин калибар 8 х 57 ЈС, три куршуми калибар 8х57 и една рамка за авотоматска пушка со 21 куршум калибар 7.62 милиметри.

Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодвена пријава, информираа денеска од МВР.