19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

OFF- ROAD планинска велосипедска тура „Еврејка“ – 2019 во Демир Хисар

Ни претставува особена чест и задоволство да ве поканиме на „Велосипедска тура ЕВРЕЈКА, 2019“, која ќе се одржи на 25. август, (недела) 2019, во организација на Планинарско друштво „Бигла 2013“ – Демир Хисар, поддржано од Општина Демир Хисар, Јавно Претпријатие Национални Шуми – Подружница ШС „БИГЛА“, ЈКП „Комуналец“, ЈЗУ „Психијатриска Болница“, Здружение на граѓани „Валентин Стефановски“ и кафе бар Connect, Демир Хисар.

На овој настан ќе учествуваат велосипедисти од Демир Хисар, Битола, Ресен, Прилеп и други учесници од регионот. Според пристигнатите пријави и преелиминарни најави, се очекува учество на околу 50 велосипедисти.

Целта на овој собир е презентација и промоција на излетничко – туристичките и рекреативни потенцијали на Општина Демир Хисар, развој на цикло – туризмот во општината и сл.

Јавниот собир ќе се одржи на градскиот плоштад „8. септември“ во Демир Хисар од каде што е и стартот на турата, а целата траса е во планинските предели на Општина Демир Хисар (Бигла, Илинска и Плакенска планина). Според утврдената маршрута, велосипедистите ќе се движат по регионални, локални и шумски патишта на територијата на Општина Демир Хисар.

АГЕНДА:

10:00 – 10:40h Потегот до регионалниот пат 1305 од Демир Хисар до раскрсницата со 29371 кај с. Слоештица;

10:40 – 11:10h Потегот од с. Слоештица до с. Церово од регионалниот пат 29371;

11:10 – 15:30h Движењето ќе биде по локални и шумски патишта.

После тоа преку локалниот пат од манастирот Св. Петар во Смилево се вклучуваат од 17:40 – 18:00h на регионалниот пат 1305 од Мраморица (раскрсница за с. Смилево) до Демир Хисар на збирното место на градскиот плоштад во Демир Хисар.

Турата е од рекреативен карактер.
Велосипедската тура е долга околу 62 километри и има елевација од околу 1300-1400 метри.
Тргнувањето е од плоштадот „8. септември“, Демир Хисар.

Линк од целата тура: https://www.strava.com/activities/1814602549….

Стартниот пакет ќе биде 350 денари и ќе се наплаќа на лице место.
Сите учесници настапуваат на сопствен ризик.
Со самото стартување, учесниците се согласуваат дека организаторот не одговара за постапките на учесниците кон самите себе.

Лица за контакт:

Михаил Давидевски, 075-274-395
Дејан Јовановски, 070-999-875

Општина Демир Хисар

Спонзорирано: