Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Пет млади момчиња по скок на глава во вода завршиле на Клиника – цел живот ќе бидат парализирани

Пет момчиња помлади од 15 години цело лето се на лекување на трауматологија, ортопедија и Карил, откако при скок во вода сериозно го повредиле вратниот ‘рбет, објавиСител. Директорот на клиниките вели дека пациентите настрадале во различни базени, но сите уште долго ќе бидат во болница и цел живот ќе бидат парализирани.

-Децата и возрасните никако да не скокаат во плитки и непроверени води. Ако баш се инсистира на скок со глава тогаш треба да се скокне прво на нозе да се испита убаво теренот. Да видат дали е длабоко за да не дојде до некоја фатална повреда на ‘рбетниот мозок на вратниот ‘рбет. Уште еднаш ќе потенцирам, не ме доведувајте во ситуација да не можам да ви помогнам, изјави д-р Илир Хасани, директор на Клиниките ТОАРИЛУЦ за Сител.

Пред 3 недели 35 годишен светиниколец почина откако скокнал во Охридското езеро кај Лагадин и со главата удрил во камен.

Можеби ќе ве интересира

Грабеж среде бел ден во центарот на Скопје – прво физички го нападнале, а потоа го опљачкале

ДЕСК

Полицијата трага по исчезнато 16 годишно девојче

ДЕСК

Во својот дом во центарот на Скопје пронајден починат скопјанец – наредена обдукција

ДЕСК