25.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Апсење во Чаир

Секторот за внатрешни работи Скопје- Единица за недозволена трговија поднесе кривичнa пријавa против М.Б.(23), поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ предвидено и казниво по член 215 од КЗ.

На 19.08.2019 од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија, по претходна судска наредба, извршен бил претрес на домот каде престојувал М.Б. во Чаир, Скопје. При претресот била пронајдена марихуана, чинија со остатоци од бела прашкаста материја и картичка со остатоци од бела прашкаста материја. М.Б е лишен од слобода во Полициската станица Чаир за понатамошна постапка.