10. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

150 седница на Владата

Владата на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи својата редовна 150-та седница со повеќе точки на дневен ред од својата програма за работа и за теми од интерес на граѓаните.

На оваа седница на предлог на Акционерското друштво за вршење на енергетски дејности МЕР во државна сопственост ќе биде презентирана Информација за динамиката и финансиските средства за реализација на проектите за изградба на магистрални гасоводи, делница „Гостивар-Кичево“ и делница „Свети Николе-Велес“.

На оваа седница Владата на РСМ ќе биде запознаена и со информацијата за изготвување Закон за донирање на вишокот на храна.

Од информациите за кои денеска Владата на РСМ ќе донесе мислење се и Информацијата за работата на Меѓувладината Македонско – Руска комисија за трговско-економска и научно – техничка соработка меѓу Република Северна Македонија и Руската Федерација, како и Информацијата за давање на согласност за трајна пренамена на земјоделско во градежно земјиште за изработка на измена и дополна на Проект за инфраструктура за изградба на железничка пруга Куманово-Бељаковце, општина Куманово со Предлог – одлука.

Редовната, 150-та седницата на Владата на Република Северна Македонија, со останатите многубројни точки на дневниот ред, е предвидено да започне денеска во 12:00 часот.