Centar.mk
ЛОКАЛНО

ЈСП: Изменет режим на линиите 19 и 20

Од Јавното сообраќајно претпријатие ЈСП Скопје информираат дека денеска поради изведување градежни работи на улицата Индира Ганди во Шуто Оризари, од 22 часот до 5 часот утре ќе биде затворена за сообраќај, а во посочениот период автобуските линии 19 и 20 ќе функцинираат по изменет режим од вообичаениот.

Како што е наведено, автобусите на линија 20 ќе возат до поранешна циглана (ИГМ), па по булевар Босна и Херцеговина, преку улиците Бутелска и Александар Урдаревски ќе сообраќаат до терминалот во Шуто Оризари. По оваа траса, линија 20 ќе сообраќа во двете насоки.

Автобусите на линија 19 во правец кон Шуто Оризари ќе возат до кружниот тек во Топанско Поле, па по улица Лазар Трповски, булеварите Босна и Херцеговина, Македонско косовска бригада и Втора македонска бригада до Топанско Поле – Треска. Кон Центар, линија 19 ќе сообраќа по вообичаената траса.

Можеби ќе ве интересира

ДЕНЕСКА БЕЗ СТРУЈА НЕКОЛКУ СЕЛА ВО СКОПСКО – Прекинот ќе трае седум часа

ДЕСК

Градоначалникот Александар Георгиевски учествуваше на регионален форум посветен на Зелената агенда

ДЕСК

Ѓорѓиевски: Бутел ја доби својата оаза – победи зеленилото наспроти бетонизацијата

ДЕСК