10.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk/Arhiva
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

По завршување на свадба, масовна тепачка избила пред скопска кафеана

Масовна тепачка во која учествувале 13 скопјани избила на 16 август по полноќ, по завршување на свадбена прослава.

Како што информираат од МВР, тепачката се случила пред кафеана на булеварот „Борис Трајковски“, а во неа учествувале две групи.

Во едната биле седум лица на возраст од 53 до 17 години, а во другата шестмина на возраст од 75 до 24 години.

Од скопската полиција информираат дека во врска со инцидентот сочинети се записници за констатиран прекршок според Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.