Мицкоски доживува фијаско, тајкуните на режимот ги прогласи за жртви, ги потврди средбите со осомничените во „Рекет“, порача Костадин Костадинов од СДСМ.
-Мицкоски доживува тотално фијаско.
Нема да успеваат неговите обиди да ги одбрани криминалите на тајкуните на режимот на ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ одработуваат за тајкуните на режимот и обвинетите криминалци, надевајќи се дека ќе ја поткопаат правната држава, дека нема да успее да се донесе новиот закон за ЈО, дека нема да станеме членки на ЕУ и НАТО, а вистинските криминалци да ги спасат и замислете, пробуваат да ги претстават како жртви.
Она што беше јасно од самиот почеток, со денешната прес конференција Христијан Мицкоски го потврди.
Клучниот осомничен во еден од случаите на СЈО, Империја, Мицкоски се обиде да го претстави како жртва.
Единствената агенда, почитувани граѓани, на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски беше и останува одбрана на криминалот на режимот.
Мицкоски денеска јасно потврди дека се сретнал со лицата кои се осомничени и кои се гледаат на објавените снимки за случајот Рекет, децидент е Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.
Повеќе во видеото..