Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Катица во вторник на распит пред Русковска

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева ќе сведочи за случајот „Рекет“ во вторник во 10 часот, потврдија од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција за Сител.

Јанева ќе сведочи откако во видеата на италијанскиот Ла Верита се слушна нејзиниот глас, како му вели на Орце Камчев „се ќе биде добро” за што се правдаше дека го барала како сведок во предпостапка.

Денеска пак на распит е обвинителот од СЈО, Бурим Рустеми, а досега сведочеа Лиле Стефанова и Обвинителката Елизабета Јосифовска.

Вчера пак во својство на сведок во обвинителството беше повикана и шефицата на кабинетот на Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски веќе се подготвува да ги внесе Бугарите во Уставот – комисијата работи цело време

C +

До недела променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд

C +

СДСМ: Мицкоски ја урна последната линија на одбрана на демократските избори

C +