Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Зголемен е повратот на ДДВ кон стопанството, 30 милиони евра повеќе назад кон фирмите

Соопштениет на СДСМ:

Владата предоводена од СДСМ продолжува со вистинска грижа кон граѓаните и реализација на мерките што обезбедуваат повеќе пари во економијата и кај граѓаните.

Според официјалните информации, заклучно со јули 2019 година повратот на ДДВ кон претпријатијата во однос на истиот период од 2018 година е поголем за 14,5 отсто.

Во апсолутни бројки тоа е за 30 милиони евра повеќе назад во стопанството.

Повратот на ДДВ е неселективен и редовен, а во првите седум месеци претпријатијата добија над 14,5 милијарди денари по основ на ДДВ.

Реализирана е добра наплата на даночните приходи, вклучително и ДДВ кој на бруто основа е повисок за 5,6% во однос на минатата година.

Истовремено, непречено тече и мерката за поврат на дел од платеното ДДВ кај граѓаните која дава одлични резултати.

Досега, вкупно се скенирани над 9,5 милиони фискални сметки, а кај граѓаните се вратени над 80 милиони денари.

Овие податоци не се само обични бројки, туку се показатели за реално придвижување на економијата и обезбедување повеќе пари кај граѓаните и фирмите.

Како одговорна партија остануваме посветени на реализацијата на мерките што обезбедуваат економски раст, конкурентна економија и повеќе пари назад кај граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

Андоновски: Наша заедничка одговорност е да создадеме средина во која технологијата ќе биде алатка за учење, креативност и развој, а не извор на ризици

C +

Жерновски до Мицкоски: Зошто не го вративте името?

C +

Со владиниот авион попладне ќе се евакуираат македонските граѓани од Израел, во следните денови следи и враќањето од ОАЕ, Катар, Бахреин и Кувајт

C +