10. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Силен град и грмежи – метеоролозите најавуваат заладување, УХМР издаде метео предупредување

Попладне и кон крајот на денот ќе има зголемување на облачноста со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, претежно во северните делови. Локално ќе има услови процесите да бидат поинтензивни во форма на невреме со појава на град и силен ветер.

Утре ќе биде променливо облачно, значително посвежо и ветровито со умерен до засилен северен ветер, а ќе има и локални врнежи од дожд и грмежи.

Во петок се уште ќе има услови за локален дожд. Од сабота следува период на стабилно време со постепен пораст на температурата.

Прогноза за 16.08.2019
Минимална температура: 11°C до 19°C
Максимална температура: 27°С до 34°C
Сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Попладне и кон крајот на денот ќе има услови за локален дожд, претежно во југоисточните делови. УВ=7

Прогноза за 17.08.2019
Минимална температура: 10°C до 19°C
Максимална температура: 27°C до 35°C
Сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. УВ=7

Прогноза за 18.08.2019
Минимална температура: 9°C до 17°C
Максимална температура: 29°C до 36°C
Претежно сончево. УВ=8