Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Заев им дообјасни до оние кои не го сфатија или не сакаат да го сфатат: Зборот “Педер” го употребив како карактерна особина, а не за сексуална ориентација

Откако жестоката порака на премиерот Зоран Заев пројде во јавноста, тој се дообјасни.

Премиерот Зоран Заев вели дека зборот „педер“ го употребил за да даде карактерна особина, а не да означи сексуална припадност, откако претходно денеска кажа дека нема да дозволи „неколку криминалци, еден суетен новинар и еден педер“ да ја симнат оваа влада од власт, одговарајќи на новинарско прашање дали знаел за рекетот на Бојан Јовановски – Боки 13.

„ЛГТБТИ заедницата ја има мојата голема почит. Затоа, пред да го употребам зборот „педер“ упатив извинување. Тој збор го употребив за да дадам карактерна особина, а не да означам сексуална припадност. Извинување за ЛГТБТИ луѓето. Ќе се борам за нивните права, како и досега“, напиша Заев.

Зоран Заев и актуелната Влада се првата гарнитура во историјата на Македонија, кои и покрај жестоките реакции кај македонската јавност, им овозможија невидена заштита на ЛГБТ заедницата и ги поддржаа во нивната парада на гордоста, .

Можеби ќе ве интересира

СНЕГ ПОЧНА ДА ВРНЕ НА ОВИЕ МЕСТА ВО МАКЕДОНИЈА: Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК

Ограбена каса со добровилни прилози која била оставена во џамија, полицијата го истражува случајот

ДЕСК

ВРСНИЧКОТО НАСИЛСТВО ЗЕМА ЗАМАВ, ДРАМА ВО ОСНОВНО ШКОЛО: 13 годишна ученичка нападната од четири повозрасни ученички

ДЕСК