3. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

МАН го повика премиерот Заев да се извини за дадената изјава

Премиерот Зоран Заев коментирајќи ја аферата „Рекет“ рече дека нема да дозволи некој да го инволвира него, ниту пак, како што рече „неколку криминалци, еден суетен новинар и еден педер“ да ја срушат Владата. Македонската асоцијација на новинари (МАН) смета дека оваа изјава преставува директна закана кон медиумите и новинарите и формите на слободно изразување.

„Премиерот директно го прекршува Член 3 од Законот за медиуми и Уставот со кој се гарантира слободата на медиумите и што таа опфаќа.

Со овие закани, велат од МАН, се врши директен политички притисок, исто како што се вршеше јавен и политички притисок да се обезбедат 100.000 евра пари на граѓаните за платена политичка кампања на СДСМ за 1ТВ за претседателските избори.

Македонската асоцијација на новинари (МАН) бара од премиерот Зоран Заев да престане со закани и да се извини за дадената изјава.

МАН потсетува на Декларацијата за слобода на политичка дебата во медиумите на Советот на Европа наведено е: „Јавните функционери мора да прифатат дека тие ќе бидат предмет на јавен надзор и критики, посебно по пат на медиумите во поглед на начинот на кој ги извршувале или ги извршуваат своите функции во онаа мера во која тоа е неопходно поради обезбедување транспарентност и одговорно извршување на функцијата“.

Правниот тим на МАН им стои на располагање на сите новинари кои се предмет на закани и притисоци.