Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Хорор: Два камиони во спротивен правец се движеле на македонски автопат – полицијата ги уапси возачите

На 27.06.2026 во 11:30 часот на патот Гостивар- Тетово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишија од слобода В.М. (30) од с. Боговиње, затоа што со товарно моторно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, се движел во спротивен правец од дозволениот правец на движење.

Исто така, на 27.06.2026 во 12:30 часот, на патот Гостивар– Тетово, кај наплатната рампа Тетово, полициски службеници го лишија од слобода и М.Д. (55) од с. Фалише, затоа што со товарно возило „фолксваген“ со тетовски регистарски ознаки, се движел во спротивен правец од дозволениот правец за движење. Двајцата се приведени во полициска станица и по документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можеби ќе ве интересира

ДОЖД И СОНЧЕВИ ПЕРИОДИ ВО МАКЕДОНИЈА – Денеска температури до 18 степени

ДЕСК

Почна гласањето во Брвеница – гласаат вкупно 107 болни лица

ДЕСК

РОДИТЕЛИТЕ ИМ ГО ПРЕПИШАЛЕ СТАНОТ НА ДЕЦАТА – Што ако еден ден им кажат дека повеќе немаат право да живеат таму?

ДЕСК