Соопштение на ВМРО ДПМНЕ:
Денес СДС најави протест во Охрид каде недолжна млада девојка беше крвнички нападната од насилникот кој денес е зад решетки.
Оваа случка беше недвосмислено осудена од сите фактори во државата. ВМРО-ДПМНЕ веднаш го осуди инцидентот и побара обвинителството да не помисли овој случај да биде заборавен. Овој немил настан, за жал, единствените кои политички го злоупотребуваат се Венко Филипче, СДС и Левица. Повикот за протест е повик да се политизира целиот настан за да има крвави политички поени за Венко Филипче. А Филипче пет пари не дава ниту за повреденото девојче ниту за неговото семејство. Ако беше поинаку, тогаш СДС ќе се однесуваше достоинствено, а не како лешинар.
Ова нивно однесување се повторува. Впрочем, нивното лешинарење започна уште од времето на злоупотребите на смртта на Мартин Нешкоски, малечката Тамара, децата кај Смилковско Езеро, Никола Младенов. Венко Филипче со Зоран Заев има историја на злоупотреби и лешинарење на политичката сцена само за да дојдат на власт. Нивното антимакедонско однесување е дното кое народот го осудува и од кое мора да се дистанцира.
Протестот на СДС во Охрид не е за сочувство на семејството на претепаното девојче, туку борба за фотелјата на Филипче.


