Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Обвинение за четири лица од УБК кои го оштетиле буџетот за над 50 милиони денари

Обвинителството поднесе обвинение против четири лица вработени во Управата за безбедност и контраразузнавање при Министерството за внатрешни работи поради злоупотреба на службената положба и овластување и помагање при извршувањето на делото.

Од Обвинителството соопштија дека вработените, во период од 10 години постапувале спротивно на упатството за користење на средства за посебна намена на УБК, со што го оштетиле буџетот за износ од 50.670.000,00 денари.

Во периодот од 2007 до 2017 година, во вкупно 172 наврати за потребите на касата за исплата на средствата за посебни намени на УБК, од Одделот за финансии при Министерството за внатрешни работи, подигнале парични средства за кои поднесувале барања и стални признаници за износите што ги подигнувале. Притоа, без да имаат посебно одобрение од директорот на Управата, без да биде формирана Комисија за ништење на материјална документација и без записници, ги уништиле евиденциите за потрошените средства заедно со документацијата за исплата – „Главните книги за евиденција“.

Поради постоење на основано сомневање дека доколку обвинетите се пуштат да се бранат од слобода може да се дадат во бегство, односно нема да бидат достапни на органите на прогон, особено ако се земе предвид кривичното дело што им се става на товар, надлежниот обвинител заедно со обвинителниот акт, достави и Посебен предлог мерката притвор определена од судија на претходна постапка да се продолжи против тројца обвинети.

Можеби ќе ве интересира

Доаѓа нагла промена: Еве кога ќе врне најмногу и каде ќе има снег!

ДЕСК

ДРАМА ВО ПОЗНАТ ЛОКАЛ ВО КАРПОШ: Избила физичка пресметка меѓу четворица скопјани, еден бил удрен од тврд предмет – отиде и дел од инвентарот

ДЕСК

Грабеж среде бел ден во центарот на Скопје: Додека се качувала во автобус, била ограбена

ДЕСК