Полицијата лишила од слобода седум возачи во изминатото деноноќие, поради сомнение за кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“. Случаите се регистрирани на повеќе локации во Македонија.
Четворица од возачите управувале автомобили без положен возачки испит. Станува збор за лица на возраст од 24 и 42 години од Скопје, 62 години од Куманово и 18 години од село Боротино, во Општина Кривогаштани.
Двајца други возеле под дејство на алкохол, од кои едниот имал и активна забрана за управување. Седмиот возач бил затекнат како управува автомобил и покрај активна забрана. МВР најави соодветни кривични пријави по документирањето на случаите.


