Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

“Нервозата во белиот дворец кулминира, Стевананџија се заканува кон граѓани со бесилки, оставка затоа што не е достоен да ја извршува функцијата пратеник”

Интегрално го објавуваме соопштението на СДСМ:

Нервозата во белиот дворец кулминира, нема спас за криминалците.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Стевананџија на социјалната мрежа Твитер во комуникација со граѓаните, се заканува со бесилки и шири говор на омраза, што е скандалозно и недозволиво за човек што треба да ги претставува граѓаните во Собранието.

Срамно и недозоливо е Стеванаџија да шири говор на омраза и да заплашува граѓани со бесилка, само затоа што некои имаат различни ставови од него.

Со таквото однесување Димитар Стевананџија покажа дека не достоен да ја извршува функцијата пратеник и мора веднаш да си поднесе оставка.

Го повикуваме Народниот правобранител, по допрен глас да реагира на ова очигледно ширење омраза и закани кон граѓаните.

Апелираме за овој случај да се произнесе и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, а пратеничките групи, особено онаа на ВМРО-ДПМНЕ да го осудат ваквото оденсување на Стевананџија.

Како одговорна партија, осудуваме каков било вид на закани, уцени и притисоци заради јавно искажан став.

Тоа во демокатрска држава е недозволиво, а особено загрижувачки е што таквите закани доаѓаат од страна на народни претставници во законодавниот дом.

Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ нема намера да се откаже од матрицата на закани, уцени и пресметки со политичките неистомисленици што ги практикуваше цели 11 години како владејачка партија.

Можеби ќе ве интересира

(фото) Санкциониран штипјанец кој управувал возило со брзина констатирана од полициски пресретнувач од 105 км на час во населено место

ДЕСК

Малолетник со пиштол се заканувал кон врсник поради девојка – полицијата го одзеде пиштолот во кој имало еден куршум

ДЕСК

Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник

ДЕСК