24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

ВМРО ДПМНЕ со вест за антракс и 30 луѓе на клиника ја испаничи во Македонија и ги преплаши луѓето кои почнаа да се јавуваат по медиуми – Институциите смируваат, тоа се лажни вести, партијата собира ситни поени на грбот на народот

Дека не треба да се верува на се што ќе се напише на интернет или ќе го соопшти некредибилен извор, е и денешната прес конференција на ВМРО ДПМНЕ која буквално ја испаничи Македонија. Луѓето преплашено прашуваа има ли антракс во Македонија, заболени ли се луѓе? Сето ова дојде откако на прес конференција ВМРО ДПМНЕ обелодени дека во Македонија 30-ина вработени на Факултетот за ветеринарна медицина ја посетиле инфективната клиника во Скопје, откако се испитувал примерок од угината овца кај која имало антракс.

Постојат сериозни сомнежи дека кај добитокот во делови од Република Македонија се појавила заразната болест антракс, болест која многу лесно може да се пренесе од животно на човек, изјави на прес-конференција членот на ВМРО-ДПМНЕ, Цветан Трипуновски.

Тој повика властите да одговорат дали е точно дека на ветеринарниот факултет се испитува примерок од угината овца каде е детектирана болеста антракс.

„Дополнително власта мора да одговори зошто околу 30-ина вработени на Факултетот за ветеринарна медицина ја посетиле инфективната клиника во Скопје и се моментално под терапија. Дали истите се заразиле од опасната болест и дали е спречено нејзиното ширење, доколку ја има“, запраша Трипуновски.

И покрај тоа што штетата веќе е направена, преплашени се луѓе, крената е паника, стигна брза реакција од институциите.

Денешната прес-конференција на Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ, беше со цел за собирање на ситни политички поени преку злоупотреба на народот и непотребно кревање на паника, велат од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) од каде ја уверуваат јавноста дека заболени луѓе од антракс нема.

„Болеста за која денес ВМРО-ДПМНЕ непотребно создава паника не е новост во нашата земја и за неа согласно Годишната наредба за здравствена заштита на животните се врши превентивна вакцинација во дистриктите (места каде се преземаат посебни мерки за сузбивање и искоренување на оваа болест со задолжителна вакцинација на животните во наредните 20 години)“, појаснуваат од Агенцијата.

Од таму информираат за случај во селото Долно Строгомиште, Кичевско, за кој како што велат, навреме се преземени сите потребни мерки за справување со болеста.

„Угинатите животни под надзор на официјален ветеринар се спалени и нештетно отстранети, во фармата е извршено темелно чистење и дезинфекција. Донесена е и забрана за влез и излез на животни од и во одгледувалиштето“, се наведува во соопштението.

Засега болеста е детектирана кај животни од едно одгледувалиште, а соседните одгледувалишта се ставени под надзор на официјален ветеринар.

„Нови случаи на појава на болеста кај добитокот нема. Одржан е итен соостанок на Комисијата за заразни болсети при Министерството за здравство, спроведено е и епидемиолошко испитување за утврдување на можниот извор на заразата, а се врши и едукација на населението од ова населено место“, истакнуваат од АХВ од каде додаваат дека во Долно Строгомиште наредена е мерка за вакцинација кај добитокот против болеста антракс.

 

ВРЕМЕ Е ДА СЕ ОДГОВАРА ПРЕД СУД ЗА ШИРЕЊЕ НА ПАНИКА КАЈ НАСЕЛЕНИЕТО

Со оглед дека лажните вести се најдоминантни во нашата земја, време е да се носи одговорност за ширење на лажни вести кои можат да предизвикаат паника кај населението, нешто што законски е регулирано во многу земји.

Така на пример за слично ширење на лажни вести дека има многу мртви во поплавите во Србија пред некоја година, на суд беа дадени многу луѓе кои објавуваа лажни вести, кои дополнително ја зоврија атмосферата и ја кренаа нацијата во паника и предизвикаа страв кај населението.

Вакви сензинитивни теми за епидемии на вируси се опасна игра на политичките чинители, бидејќи може да предизвикаат сериозна паника и траума кај населението, но и да направат ненадоместлива штета на економијата.