22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Трипуновски: Власта спроведува чистка на неистомислениците во Министерството за земјоделство

Зоран Заев преку министерот Трајан Димковски врши најбрутален партиски реваншизам и спроведува чистка во Министерството за земјоделство по принципот од чистачка до министер, обвини денеска Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој рече дека над 50 вработени во министерството низ целата држава се преместени на работни позиции надвор од своето место на живеење, без реална причина, затоа што не размислуваат единствено како СДСМ.

„Министерот Димковски со нивното преместување директно го крши Законот за вработените во јавниот сектор, кој пропишува дека вработен во јавниот сектор може да биде преместен на работа, надвор од своето место на живеење единствено ако сам побара или постои реална потреба на институцијата. Во случајов не се исполнети ниту еден од двата услови кои што ги пропишува законот“, рече Трипуновски и покажа решение кое, како што вели, им се дели на вработените во МЗШВ, а каде не е наведена реалната потреба на институцијата, поради која се преместуваат вработените во подрачните единици на министерството.