Centar.mk
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Утре сончево и многу топло време со високо УВ зрачење

Времето утре ќе биде сончево и многу топло, попладне со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде помеѓу 11 и 20, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. Вредноста на УВ-индексот ќе биде 9.

Во Скопје сончево и многу топло. Температурата ќе се движи од 19 до 38 степени.

Под влијание на многу топла воздушна маса до средината на наредната недела времето ќе биде сончево и многу топло, а само во петок ќе има извесно зголемување на облачноста.

Денес е активирано жолто ниво на целата територија на Македонија, а од утре и портокалово ниво во Скопското подрачје, долж Повардарието и во источните делови за опасност од високи температури и УВ зрачење.

Можеби ќе ве интересира

Пукање во Арачиново – Меѓусебна пресметка со огнено оружје меѓу неколку лица со две возила

ДЕСК

Извлечено тело на починат маж од Вардар – полицијата објави детали и идентитет на жртвата

ДЕСК

Напишал коментар на социјална мрежа, полиција му затропа на врата

ДЕСК