12. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Уапсен екс-висок функционер, вработил партиска активистка

Обвинителството бара притвор за ексдиректорот на Централниот регистер, Андреја Поповски, кој вчера беше приведен поради злоупотреба на службената положба и овластување.

Во истрагата се опфатени уште четири лица кои се сомничат за помагање при извршување на истото кривично дело.

Од обвинителството соопштија дека во периодот од декември 2014 година до мај 2017 година Поповски усно наредил една вработена да биде евидентирана како редовно присутна на работа во месечните листи кои ги изготвувало Одделението за човечки ресурси, иако бил свесен дека цело време вработената воопшто нема да доаѓа на работа, туку ќе биде ангажирана за партиски активности на една политичка партија.

„Спротивно на законските акти и правилниците на Централниот регистар, таквата листа била доставувана до Одделението за финансиско-сметководствени работи и врз основа на тоа на вработената неосновано ѝ била исплаќана плата и придонеси на плата, со што била нанесена значителна штета на буџетот на институцијата. Останатите четворица вработени, од кои тројца од Одделението за човечки ресурси на Централниот регистар и едно одговорно лице за работењето на Регионалната регистрациона канцеларија – Скопје, се осомничени дека со умисла му помогнале на в.д. директорот во извршувањето на кривичното дело“, велат од обвинителството.

За другите осомничени обвинителството ќе бара определување мерки на претпазливост со цел да се обезбеди нивното присуство во текот на кривичната постапка.

Можеби ќе ве интересира

Шукова: Да се формира стручен штаб за Дрисла од експерти, чадот е закана за целиот град

C +

Извршниот одбор на СДСМ утврди уште нови 4 кандидати за градоначалници

C +

Филипче до Мицкоски: Зошто не дозволувате декласификација за случајот со АНБ, јавниот интерес треба да е пред сè?

C +