Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Санкционирани 62 возачи поради брзо возење низ Скопје

Вчера во Скопје биле преземени мерки и активности и констатирано е дека 62 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.

Од сообраќај се исклучени 19 возачи од кои: пет возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 11 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување моторно возило и тројца возачи почетници кои не ги почитувале сообраќајните прописи согласно ЗБСП. Исто така, исклучени од сообраќај се и 11 возила од кои едно возило бидејќи било технички неисправно и 10 возила бидејќи биле нерегистрирани.

Санкционирани се пет возачи поради поминување крстосница на црвено светло, пет возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, двајца возачи поради неправилно престигнување, двајца возачи поради недавање првенство на минување на возила во зона на крстосница, 11 возачи на моторцикли поради неносење заштитен шлем, тројца возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување моторно возило и девет возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.

Во однос на пешаците, санкционирани се тројца пешаци поради поминување коловоз надвор од пешачки премин и тројца пешаци поради поминување коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 50 мандатни платни налози и 70 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК