18. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

МТСП: Се градат 43 нови објекти за градинки

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека во моментот се градат и опремуваат нови осум, а се подготвува изградбата на уште 35 градинки. Како што се наведува, тоа се вкупно 43 нови објекти за градинки распоредени низ целата територија на државата.

„Наша заложба е опфатот на деца во предучилишно образование да го зголемиме за 50%. Во изминатите две години отворивме 24 нови објекти, со што се обезбедени дополнителни 1.272 места. Годинава за таа намена издвоивме 300% поголем буџет од лани, а нови градинки ќе се градат и преку програмата на Светска банка, која изнесува околу 15 милиони евра.

Паралелно со инвестициите во инфраструктурата, континуирано работиме на зајакнување на кадарот во градинките и надградување на компетенциите на воспитувачите/чките. Досега обезбедени се 1.400 согласности за вработувања во градинките. Почнувајќи од јунската плата којашто на поголемиот дел од вработените веќе им е исплатена, стручниот кадар во градинките доби зголемување во просек од 16 %, што е околу 3.000 денари во нето износ по вработен.

Со проширувањето на капацитетите на градинките и јакнењето на професионалните компетенции на кадарот го подобруваме квалитетот на предучилишното образование. Раниот детски развој е клучен период за когнитивен и емоционален развој на децата, како и за стекнување вештини неопходни за тие да напредуваат во животот. Токму затоа, со секоја инвестиција во предучилишното образование, вложуваме во нашите најмлади, овозможиме подобра иднина за нив и за целото општество“, се вели во соопштението на МТСП.

Можеби ќе ве интересира

Сите гласови од немоќните, болните и затворениците се запечатени во посебни коверти и гласачка кутија, истата се отпечатува дури во недела во 19 часот кога ќе бидат затворени гласачките места низ Републиката

ДЕСК

Утре се слави Светиот апостол Тома

ДЕСК

Закани кон членови на Избирачки одбори и вработени од кандидат за градоначалник – обвинува политичка партија

ДЕСК