Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Апсење во Битола

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при БЈБ во координација и соработка со Одделот за криминалистичка полиција и Секторот за внатрешни работи – Битола реализираше случај на откривање на недозволена трговија со марихуана.

На, 06.08., по претходно обезбедени оперативни сознанија на влезот во Битола сопрено е патничко моторно возило “Мазда“ со велешки регистерски таблички, управувано од Д.Д. (38) од Велес, и при извршениот преглед во возилото пронајдена е марихуана, како и три полиетиленски пакувања со бела прашкаста материја.

Одземените дрога е предадена на ОКТИВ при МВР за вештачење. Покрај ова, вчера по издадена наредба од судија на претходна постапка при Основен суд Велес, беше извршен и претрес во дом и други простории кај Д.Д., при што пронајдена и одземена е марихуана. Против Д.Д., кој е лишен од слобода од СВР Битола до Основно јавно обвинителство Битола ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за за сторено кривично дело – “неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по член 215 од КЗ на РСМ.

Можеби ќе ве интересира

Серија физички пресметки и тепачки

ДЕСК

Скопјанка го тепала 34 годишниот сопруг, употребила и тврд предмет

ДЕСК

Драматична ноќ во Кавадарци: Пријавил дека повеќемина му ја скршиле влезната врата од домот на 40-годишен кавадарчанец, а потоа во домот, кршеле покуќнина, предмети за домаќинство и физички ги нападнале него и неговата сопруга

ДЕСК