По 3000 евра субвенција ќе биде доделена на заинтересираните граѓани кои би купиле ново или старо возило кое ги исполнува еколошките стандарди,
Според мерката граѓаните кои би го оставиле старото возило и би го исклучиле од употреба, би добиле субвенција од 3000 евра за набавка на ново или возило на старо кое ги исполнува еколошките стандарди.
Ваквата мерка е поздравена од граѓаните, кои ќе можат да го обноват возниот парк, а со ова би помогнале и во заштита на екологијата.
Во изјава за Алсат телевизија, министерот за економија Бектеши рече дека сите кои што имаат возила ЕУРО 2 и 3, ќе ја имаат шансата да се откажат од тие возила и да си купат нови или возила на старо со ЕУРО 5 стандард, а за тоа ќе добијат финансиска поддршка од државата.
Мерката треба да придонесе за подобрување на амбиенталниот воздух и да ја зголеми побарувачката на нови, наместо стари и користени возила.
Неофицијално се размислува и за субвенционирање на граѓаните кои наместо бензин ќе користат плин.