Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Утре сончево време со температура до 34 степени

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер кој долж Повардарието краткотрајно ќе засилува, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната од 26 до 34 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од 16 до 31 степени.

Следува период на претежно сончево време со постепен пораст на температурата. Повисоки дневни температури ќе има од средината на работната недела кога и облачноста краткотрајно ќе се зголемува, а особено топло ќе биде на југоистокот.

Можеби ќе ве интересира

НЕВРЕМЕ И ТЕМНИ ОБЛАЦИ НАД МАКЕДОНИЈА ВО НАЈАВА: Детална четиридневна прогноза

ДЕСК

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЛУЧАЈ ВО СКОПЈЕ: Дете паднало и било влечено по улица откако било фатено за рака од лице на мотор

ДЕСК

РАСПРАВИЈА ПРЕРАСНАЛА ВО ТЕПАЧКА: Полицијата расчистува случај на тепачка меѓу жена и девојка на Бит Пазар

ДЕСК