Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Приведени петмина полициски службеници од ГП Богородица, осомничени за земање мито

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР по добиени оперативни сознанија за незаконито постапување на полициски службеници од Полициска станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција презеде оперативно тактички мерки и дејствија при што кај полициски службеници пронајде и одзеде денарски и девизни парични средства во вкупен износ од 822 евра, како и алкохолни пијалоци.

Полициските службеници М.М. (50), С.O.(36), Р.С. (41), M.K (37) и Д.Д (41) се лишени од слобода и задржани во СВР Струмица, по што во текот на денот заедно со доказниот материјал ќе бидат предадени на надлежниот јавен обвинител.

Можеби ќе ве интересира

Снег на Попова Шапка, магла на одредени патни правци, сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови

C +

Утре променливо облачно и релативно топло

C +

Филипче: Пари за 600 евра минимална плата само со кратење на луксузот на власта

ДЕСК