Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Нови детали за трагедијата кај Тополчани

Четириест и шестгодишно лице од Битола загина во сообраќајна незгода што се случила вчера на магистралниот пат Прилеп-Битола кај селото Тополчани.

Како што соопшти МВР, во несреќата учествувале патничко моторно возило „опел астра“ со беровски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.М.(60) од Берово, и патничко моторно возило „цитроен берлинго“ со битолски регистарски ознаки, управувано од З.С.(46) од Битола.

Со тешки телесни повреди се здобило малолетно лице, кое било сопатник во возилото од Берово, а со телесни повреди се здобиле возачот и уште двајца сопатници од истото возило кои биле пренесени во Клиничката болница Битола за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Можеби ќе ве интересира

Филипче до Мицкоски: Ги оставивте работниците без поголеми плати

C +

Мицкоски до Филипче: Сто пати ви кажав, за ЕУ нема да водиме мекотелна политика

C +

Филипче: Од Владата на Мицкоски граѓаните веќе не може да очекуваат ништо, можеби банкрот

C +