Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Од понеделник голема промена на времето

Од понеделник следува период на сончево време со повторен пораст на температурата, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Инаку, времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северен правец. Вдолж Повардарието повремено ќе се засилува. Минималната температура ќе биде помеѓу 12 и 22, а максималната ќе достигне од 25 до 34 степени.

Во Скопје сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен и северозападен правец, вдолж Повардарието повремено ќе се засилува. Максималната температура ќе изнесува 30 степени.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски на самитот на ЕПП: Одлична можност за продлабочување на партнерствата и за зајакнување на улогата на нашата земја во европските процеси

C +

Алиу: Македонија високо рангирана на глобално ниво во намалување на неонатална смртност

C +

Синоптичарите излегоа со прогноза – какво време да очекуваме?

ДЕСК