Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Нови апсења поради дрога низ Македонија

Шестмина скопјани на возраст помеѓу 23 и 33 години, биле вчера уапсени на патарината кај Гостивар поради поседување марихуана. Кај двајца од нив полициски службеници нашле и кокаин.

„На 02.08.2019 во 20,15 часот кај наплатната рампа Гостивар од страна на полициски службеници од Полициската станица Гостивар лишени од слобода биле К.Н.(27) и Б.Д.(23) двајцата од Скопје поради тоа што кај нив биле пронајдени марихуана и кокаин. Лицата биле приведени во полициска станица за понатамошна постапка.

На 02.08.2019 година во 22,00 часот часот кај наплатната рампа Гостивар од страна на полициски службеници од Полициската станица Гостивар лишени се од слобода биле И.М.(29), И.А.(33), Г.М.(32) и Л.Н.(32) сите од Скопје поради тоа што при извршен преглед кај нив била пронадена марихуана“, соопштија од полицијата.

Претходниот ден МВР во полициска акција уапси десетина лица за поседување наркотични средства. Меѓу нив беше и полициски службеник кој е фатен со кокаин.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК