Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(Видео) Николовски пред „Македониум“: Да го продолжиме патот на слободата

Денеска на овој голем ден, оддаваме почит кон нашите славни предци од Илинденското востание и од заседавањето на АСНОМ, кои што ги ставија темелите на нашата државност, изјави Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски од пред споменикот „Македониум“ во Крушево.

„Како сериозна и одговорна партија, имаме чест и обврска, заедно со вас граѓаните, да го продолжиме тој пат, на слободата, демократијата, имтеграцијата и напредокот. Остануваме силно посветени на градењето на едно општество за сите граѓани. Остануваме силно посветени на нашите клучни цели, членство во НАТО и ЕУ. Нека е честит и вековит 2 Август, денот на републиката“, порача Николовски.

Можеби ќе ве интересира

Гувернерот Славески: Нема милионски одливи од „АЛТА банка“, трансакциите со Србија се редовни плаќања на клиентите

ДЕСК

СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ: Одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

ДЕСК

Митева со згрозување и осуда за изјавите на Петар Богојески

ДЕСК