Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Срби учествувале во сообраќајна несреќа кај Куманово

Вчера во Куманово на улицата „11-ти Октомври“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило со управувано од 26-годишен кумановец, и патничко моторно возило со српски национални ознаки, управувано од 46-годишно лице од Србија.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од Србија, која била пренесана во Општата болница во Куманово. Со повреди се здобиле и уште две сопатнички од истото возило.

Повреден е и возачот од Куманово како и неговиот сопатник кои биле пренесени во Општатата болница во Куманово за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.

Можеби ќе ве интересира

Инцидент во центарот на Скопје – физички нападнат скопјанец

ДЕСК

Стружанка илегално изградила семејна куќа во Трпејца – ем заработи кривична, ем ќе и’ ја срушат куќата до темел

ДЕСК

Апсења близу Стење – четворица суданци илегално ја преминале границата, завршија во станица

ДЕСК