23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Ременски: Обвинителството нека ја истражи мојата улога во невладината на Бојан Јовановски

Потпреседателката на Собранието, Фросина Ременски, на својот профил на „Фејсбук“ објави дека нема ништо против Обвинтелството да ја истражи нејзината улога во невладината на Бојан Јовановски.

„Да не ги оставам загрижени оние од ВМРО-ДПМНЕ, кои здушно ме прозиваат на пресови деновиве пред утрешната скара, продолжен викенд или излив на патриотизам за празникот 2 Август – Илинден… Добро сум, ич да не се секирате!

Немам ништо против, напротив, ОЈО за организиран криминал и корупција да испита каква е мојата почесна функција во навладината организација на Бојан Јовановски (Боки 13). Стојам на располагање да им појаснам сè што ги интересира или за сè што имаат дилема“, напиша Ременски.