12. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНОИЗБОР

Општина Демир Хисар со демант за објавената лажна вест за наводно барање за изведба на нашата химна во поинаква верзија

– Општина Демир Хисар и организацискиот одбор на официјалната прослава на Илинден во с.Смилево најостро ја демантираат дезинформацијата дека од било кого било барано химната на Република Северна Македонија да ја изведува во каква било поинаква верзија, од онаа која е пропишана во Законот. Химната ќе се изведува во својата официјална и целосна верзија. Ги покануваме граѓаните да дојдат и заеднички да покажеме дека сме посилни од сите оние кои со вакви злонамерни дезинформации ја нарушуваат нашата традиција и нашиот светол заеднички празник Илинден, стои во соопштението од општина Демир Хисар.

Инаку, ова е лажната вест објавена од Фејсбук профил на извесен, Кристијан Јандриоски:

Во последниот период, забележана е појава на споделување на лажни вести по социјалните мрежи кои потоа во вид на прилози се објавуваат на портали блиски до опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Целта е манипулирање со јавноста и креирање на лажна слика пред граѓаните за одредени случувања.

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски: Следната година буџетот за култура ќе изнесува 26 милиони денари, ги поддржуваме македонските изведувачи

C +

Герасимовски: Голем бесплатен концерт во сабота со Дарио и Миг-21, Елена Ристеска, Викторија Лоба, Кристина Арнаудова, Барбара Поповиќ и „2 Бона“

C +

Герасимовски: Еднократна парична помош за глувонемите во Центар

C +