Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Борисов се извини: Моја грешка е што реков северномакедонци

Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов се извини што рекол „северномакедонци“ во едно негово обраќање. Тој вели дека станува збор за грешка.

„Моја грешка е што реков северномакедонци, извинете. Граѓаните на Северна Македонија, простете но јас не сакајќи тоа го кажав и беше претставено како да сакам некој да убијам. Не сакам да се извади некоја реченица од контекст“, рече Борисов.

Бугарскиот премиер на почетокот од месецов најавувајќи го славењето на Илинден рече дека „северномакедонскиот премиер“ заедно ќе се поклонат пред споменикот на Гоце Делчев, а според бугарските медиуми по средбата со Стево Пендаровски во Сараево, бугарскиот премиер рекол дека „северномакедонскиот претседател е првиот северномакедонски политичар кој ги кажал нештата на најправилен начин.

Заев најави протесна нота, но таа не стигна до Софија.

Можеби ќе ве интересира

Смени и освежување во ВМРО ДПМНЕ: Избрани 30 нови претседатели на општински комитети, познати се имињата

ДЕСК

Нова ера за македонското здравство: Три клинички болници и здравствен комплекс вреден 1,5 милијарди евра

ДЕСК

Покачување на 50 отсто на пензиите ако дојде СДСМ на власт – најави Тренчевска

ДЕСК