Владејачакиот Социјалдемократски сојуз на Македонија, по посетата на Христијан Мицкоски во Унгарија, каде што оствари средба со унгарскиот премиер Виктор Орбан, праша дали Мицкоски заминал во Будимпешта за да се сретне со бегалецот Никола Груевски.
„Дали Мицкоски отиде кај Груевски да бара совети како да го спречи Законот за пописот? Отиде ли Микцоски кај Груевски да добие совети како да ја спречи правдата и уште посилно да го брани криминалот на ВМРО-ДПМНЕ? Дали Мицкоски отиде кај Груевски за овој да го подучи како да шири лажни вести за национализам и омраза меѓу граѓаните? Дали Мицкоски од Груевски добил инструкции како да продолжи со деструкцијата и обидите да го закочи напредокот во интеграциите на државата кон ЕУ и НАТО?“, праша портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, на прес-конференција.
Портпаролот додаде дека единствениот криминален октопод е сместен во Будимпешта и неговата глава е Никола Груевски, а неговите пипала се Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ“.
„Мицкоски не е ништо друго, освен послушник и извршител на наредбите на осудениот криминалец во бегство – Никола Груевски. Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ раководена од Будимпешта. Од белиот дворец нема ниту една позитивна мерка, само лажни вести, деструкција и одбрана на криминалот“, рече Костадинов.