9. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Притвор за двајца цариници за примање поткуп

Судот им определи 30-дневен притвор на двајцата царински службеници кои беа приведени пред два дена на граничниот премин „Табановце“ за примање поткуп, соопшти Основното јавно обвинителство Куманово.

Тие се осомничени дека во неделата во 2 и 50 часот побарале и примиле пари од возач, а за возврат не му го провериле возилото и му дозволиле влез во државата.

Според информациите на Обвинителството, тие зеле 70 евра од возач на ‘фиат дукато’ со германски регистарски ознаки и му дозволиле непречен влез во државата без да извршат редовна царинска контрола и проверка на стоката која ја носел.

При претрес во службените простории биле пронајдени и други парични средства кои се предмет на истрага.

Можеби ќе ве интересира

Чувајте се, афричкиот топол бран чука на врата, температурите ќе достигнат и до 40°C – Метеоролозите излегоа со четиридневна прогноза

ДЕСК

ДИК оддржа седница по распишувањето на Локалните избори – донесени 12 точки на дневен ред

ДЕСК

АВМУ ќе врши мониторинг на медиумското известување во предизборниот период

ДЕСК